Екс-директорот на УБК се жали во Стразбур поради предлогиот притвор

Поранешниот директор на УБК и осомничен за настаните на 27. април во Собрание во 2017 година, Владимир Атанасовски се жали во Стразбур поради предлогиот притвор, објави „Телма“.

Во апликацијата која неговиот адвокат ја поднел до меѓународниот суд за човекови права напишал дека Атанасовски не е запознаен со ниту еден доказ и покрај тоа што во неколку наврати го барал тоа од обвинителството. Тоа што често патувал во Словенија, тоа што е невработен, нема имот и семејство  според неговата одбрана се неосновани аргументи за судот да го држи повеќе од четири месеци во притвор.

Атанасовски на 4-ти Декември заврши зад решетки истиот ден кога Александар Василевски Нинџа сведочеше за неговата вмешаност во организацијата на крвавиот четврток.

Во неколку наврати Нинџа во сведочењето во најголемиот процес за 27. април истакна дека токму екс директорот на УБК вечерта раководел со упадот во Собранието.

Сега во жалбата до судот адвокатите го оспоруваат и сведочењето на Нинџа и него како личност кој беше обвинет за истото дело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега