Екс-директорот на УБК Атанасовски за 27. април: Не се сеќавам каде бев

Како сведок на одбраната на Александар Василевски - Нинџа, кој денеска пред судот изјави дека настаните во Собранието од 27 април биле високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, беше донесен и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, пренесува Радио Слободна Европа.

Тој пред Судот изјави дека „не се сеќава точно каде бил непосредно пред настанот“ и не одговараше директно на прашањата на судијата - каде бил, што правел и какви мерки презел како директор на УБК за време на случувањата во Собранието, лани на 27 април.

По ова, судијката Добрила Кацарска побара судската полиција да го изнесе Атанасовски од судницата. Следниот сведок во одбраната на Василевски е Веле Петрушевски.

Атанасовски беше уапсен во вторникот и му беше одреден 30 дневен притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега