Екс-директорот на „Тутунски комбинат“ ја искористил службената должност и направил штета од 16 милиони денари

 

Против поранешен генерален директор на на „Тутунски комбинат“ Прилеп, со иницијали А.Д. (48), е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ при набавка на 110.160 килограми тутун, со која била предизвикана материјална штета од 15.926.209 ден.

Министерството за внатрешни работи денеска соопштени дека пријавениот во текот на 2013 и 2014 година договорил  набавка на 110.160 килограми тутун од индиско потекло  и наредил нејзина исплата  преку фирмата „Универзал – лиф тобако компани“ без да биде донесена одлука од одборот на директори и без склучување договор за набавка со добавувачот. И покрај тоа што пред приемот на тутунот, со дегустација на испратените мостри од соодветни лица имало забелешка дека тутунот отстапува од тежината и  влагата,  според пријавата, пријавениот ја прифатил понудата. При пристигнување на тутунот била сочинета приемница, а во текот на 2014 година било извршено плаќање кон добавувачот во вкупен износ од 15.926.209 денари.

- При извршената ревизија од страна на секторот за внатрешна ревизија за постапката за набавка на тутунот со индиско потекло и ревизија за продажба на режан тутун во 2012, 2013, и 2014 година  биле констатирани поголем број забелешки околу набавката на 110.160 килограми тутун во текот на 2013 година, кој се наоѓал во магацините и не бил искористен при извозот на режан тутун за Албанија. Неискористувањето на предметниот тутун предизвикало поскапување заради негово одржување и пропаѓање поради губење на квалитет со што била предизвикана штета на Комбинатот. Со овие дејствија пријавениот предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден, стои во соопштението.

 

 

 

17.05.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега