Екипите на терен: Се расчистува по вчерашното невреме, и попладнево се очекува силен ветер и снег

Комуналните служби на Општина Карпош утринава продолжија со активностите за расчистување на јавните површини од вчерашното невреме во Скопје.

Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби.

На  терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација.

„Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер проследен со врнежи од снег.

Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено.

Екипите на општина Карпош се подготвени за делување, со цел спречување на штети од временските неприлики“ велат во соопштение од Општина Карпош.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега