Екипите на терен - Поплава во Неготино

Поплавени се неколку објекти во Неготино, како последица на невремето кое попладнево го зафати градот, а на пожарникарите на помош им дојдоа и колегите од Кавадарци.

Оваа информација за МИА ја потврди Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна  единица.

– Со пумпи  црпевме вода од неколку објекти во градот. Дадовме се од себе за најдобро што можеме да се справиме со последиците од невремето и веќе сме при крај со сите објекти. Некои, поради местоположбата, редовно се на удар кога има поголеми количини вода, нагласи Илиев.

 

Според него, веднаш интервенирале и комуналните работници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега