Екипата на Црвен крст избркана од спортската сала „Билјанини извори“

Екипа на Црвен крст која дошла да помага процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, била грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид.

„За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19.
Нашите волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид.
Ajsel Zejnoska,
Венко Филипче

, Sanja Sazdovska (Национален координатор за вакцинација за Охрид)“, стои во објавата на Црвен крст Охрид на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега