ЕК ќе се задолжи 80 милијарди евра за финансирање на закрепнувањето по пандемијата

Европската комисија треба да се задолжи оваа година околу 80 милијарди евра преку емисии на долгорочни обврзници поради финансирање на фондот НекстЏенерејшнЕУ за закрепнување по пандемијата, кој е во вредност од 750 милијарди евра.

 

ЕК, која е извршна власт на ЕУ, соопшти дека задолжувањето, кое ќе почне кон крајот на месецов, ќе биде дополнето со издавање на краткорочни хартии од вредност на ЕУ во износ од неколку десетици милијарди евра, со цел да се надополнат останатите финансиски потреби.

 

Планот за финансирање ќе биде ажуриран во септември, наведува Комисијата.

– ЕК во текот на втората половина од оваа година ќе може да ги финансира сите планирани грантови и кредити на земјите членки во рамки на Инструментот за закрепнување и отпорност, и ќе ги надополни потребите на политиките на ЕУ за кои се обезбедени средства од фондот НекстЏенерејшнЕУ, се додава во соопштението на Комисијата.

01.06.2021 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега