Ефикасен сируп: Домашен лек за смирување на надразнетото грло

Ако имате постојан проблем со суво грло, кое пак ви предизвикува кашлица, една природна состојка ќе ви помогне за кратко време да се ослободите од овој проблем.

Се работи за ловоровиот сируп, кој важи за едно од најефикасните средства за смирување на надразнето грло и има антивоспалителни и антисептички својства. Во исто време, ги прочистува дишните патишта и го олеснува дишењето.

Од него можете да направите ефикасен сируп кој ќе ви биде корисен во периодот на настинки и променливо здравје.

Состојки:

6 суви листови ловор
Еден лимон
3 лажици мед (може и 5 лажици јаворов сируп или 3 лажици агаве )
300 мл вода

Подготовка:

Водата ставете ја да проврие. Додадете го ловорот и оставете да се варат заедно пет минути во покриен сад. По пет минути извадете ги листовите. Додадете ги медот и лимонот и откако целосно ќе се излади течноста, соберете ја во тегла или стаклено шише. Пијте по трипати на ден, а може да земете и во моментот кога имате напад на кашлица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега