Едвај се дишеше - Воздухот во Скопје загаден четири пати над дозволеното

Скопјани вчера дишеа загаден воздух. Апликација која го мери квалитет на воздухот во Македонија, Мој воздух, синоќа покажа високи концентрации на ПМ10 честички во главниот град. Енормна загаденост е регистрирана во реонот Ректорат во 20 часот, односно 131 ПМ 10 честички на кубен метар, а нешто подоцна мобилната апликација покажа дури 211 ПМ 10 честички на кубен метар.

Во Ѓорче Петров според Мој воздух, загаденоста беше исто така голема, дури 160 ПМ 10 честички на кубен метар. Во Гази Баба 124, во Центар 96, во 11 Октомври 73 ПМ 10 честички на кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

 

Куманово вчера беше најзагаден град. Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега