Едномесечно бебе донесено починато во поликлиниката „Ченто“

 

Едномесечно бебе од населба Илинден било донесено починато вчера утрината во 06:37 часот во СВР Скопје во поликлиниката „Ченто“ во Скопје, информира МВР. Во разговор со полициски службеници родителите на починатото бебе А.А.(26) и И.А. (26) рекле дека истиот ден околу 06 часот на креветот во дневната соба забележале дека детето не дава знаци на живот, а претходно имало проблеми со дишењето. По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега