Едно лице тешко повредено - Тешка несреќа во Македонија

Тешка несреќа се случила вчера во кочанско каде се судриле автомобил и мопед при што едно лице е тешко повредено.

Во 14.26 часот на улицата „Маршал Тито“ во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од 34-годишниот Т.А. од Кочани и мопед управуван од 19-годишниот В.С. од селото Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега