Едно лице тешко повредено по судир меѓу „Ауди“ и мопед во Скопје

На крстосницата од ул. „Васил Ѓорѓов“ и ул. „Козара“ во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа.

 

Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, управувано од С.Т.(40) од Скопје и мопед „кимко“, управуван од Н.Ѓ.(22) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, Н.Ѓ. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

05.07.2022 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа