Едно лице повредено при сообраќајка со возило на МВР

Министерството за внатрешни работи објави дека едно лице заработило повредни при сообраќајка која се случила вчера, а во која учествувало и возило од МВР.

-На крстосницата од булевар „Македонско-косовска бригада“ со улица „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Скопје, објави МВР.

Во незгодата бил повреден сопатникот во возилото „Голф“, 66-годишниот Н.Б. од СКопје.

17.05.2022 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега