Едната нога на Хајди Клум е осигурена на повисока сума од другата

Германската убавица Хајди Клум во текот на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис објасни дека едната нога ѝ е осигурена на повисока сума од другата.

48-годишната манекенка во сегментот наречен „Хајди Бланкинг Клум“ ѝ кажа на Елен дека клиент ѝ направил полиса за осигурување од 2 милиона долари на нејзините нозе, а дека едната чини повеќе.

Германскиот супермодел рече дека едната нога ѝ е поскапа од другата додавајќи дека „чудни се работите што некои луѓе ги прават“.

Судијката на „Америка има талент“ алудира на претходна несреќа, во која ѝ била повредена едната нога.

„Кога бев млада, паднав на стакло и имам голема лузна“, рече Клум, која во емисијата носи розово здолниште и изгледа прекрасно како и секогаш.

„Ставив толку многу спреј-тен што не можете да ја видите во моментот“, се пошегува таа.

18.01.2022 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега