Една од жртвите на Епстајн стравува за својот живот: Не сум суицидна, но луѓето сакаат да ме замолчат

После интервјуто во кое обвинува за сексуално искористување познати и значајни личности како Принцот Ендру, Вирџинија Роберст напиша порака на Твитер дека таа не е суицидна.

36- годишната Вирџинија, која сега го користи презимето Џуфри, тврди дека американскиот инвестиционен банкар и миионер Џефри Епстајн сексуално ја злоупотребувал и ја „нудел“ и подведувал на своите пријатели, па на Твитер напишала:

„Ако ми се случи нешто- поради моето семејство, не дозволувајте така да помине и помогнете ми да ги заштитам. Премногу луѓе ме замолчуваат.

Епстајн почина во затвор чекајќи судење во САД. После обдукција, соопштено е дека се обесил и покрај теориите на завера, но и тврдења на патологот Мајкл Бадена, велат дека се работи за убиство.

Верџинија неодамна даде интерву за Би-Би-Си во кое зборуваше на што била изложена. Тврди дека принцот Едвард три пати сексуално ја искористил- еднаш во станот на Епстајн, еднаш на јахта на Карибите и еднаш впо Лондон во куќата на Гилен Максвел.

Опишувајќи ја првата средба со принцот Ендру во Лондон, изјавила дека ја одвеле во клубот на Доналд Трамп, каде танцувала со „испотениот“ принц.

Откако го напуштила клубот, Гилен и рекла дека мора да го направи со Ендру она што го направила и со Џефри.

„Ме фати паника, не очекував такво нешто од членови на кралското семејство. Не го очекував тоа од некој на кој луѓето гледаат како пример и на некој на кому се восхитуваат“ рекла таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега