Една од сестрите Крдашијан одлучи да го напушти шоуто: „Ќе се збогуваме“

Кортни, член на кланот Карашијан, чија реалити програма е една од најпопуларните телевизиски формати од ваков тип, после повеќе од 10 години одлучи да го напушти реалното шоу.

Реалити ѕвездата гостуваше во едно американско шоу каде ја откри причината за нејзината одлука.

„Решив да поминувам повеќе време со моите деца и да надокнадам сè што пропуштивме да направиме заедно“, рече Кортни и додаде дека сепак ќе ја гледаме уште малку.

„Во новата 18-та сезона, ќе продолжам да ви досадувам, а потоа ќе се збогуваме“, истакна таа.

Реалити програмата за семејството Кардашијан се прикажува од 2007. година, со досега 17 сезони. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега