Една од најубавите жени на светот покажа како изгледа без шминка- Софија Вергара објави фотка од кревет (ФОТО)

Една од најпосакуваните и најубави актерки според мислењето на многумина е Софија Вергара, и иако во јули наполни 49 години, таа е горда на својот изглед во нејзината петта деценија.

Во последните месеци, таа со задоволство се сеќава на своите изданија од претходните години, и им докажува на своите следбеници на Инстаграм дека времето навистина  не и може ништо.

Сепак, Софија повторно предизвика воодушевување кај своите обожаватели кога ја објави фотографијата во лежерно издание и без трошка шминка. Актерката пиеше кафе во пижами и го држеше своето куче во рацете.

„Време за кафе“, напиша таа.

Софија доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, а многумина заклучија дека делува многу дотерана.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега