Една од најголемите грчки банки „Еуробанк“ ќе ја купи зетот на Клинтон?

Една од четирите најголеми банки во Грција би можела да припадне во сопственост на зетот на Хилари и Бил Клинтон, пишува грчкиот весник „То Вима“. Според управата на „Еуробанк“ која е веќе во преговори со странските фондови во пресрет на нејзината делумна приватизација есенва, треба да бидат продадени 25% од акциите на банката. Покрај зетот на Клинтон интерес за купување најавила и канадска компанија. 

Зетот на Бил и Хилари Клинтон сака да ја купи „Еуробанк“, една од четирите најголеми банки во Грција, тврди весникот „То Вима“.

Интерес за банката покажал и фондот „Иглвејл Партнер“, чиј коосновач е познатиот инвестициски банкар Марк Мезвински, кој е зет на Бил и Хилари Клинтон, наведува весникот

„Еуробанк“ е во фокусот на интерес и на фондот „Трд Поинт“, кој стана познат со инвестициите во грчките хартии од вредност, што му донесоа заработка од над 500 милиони евра за само неколку месеци. 

најчитано сега