Една милијарда евра на сметките на над 490 илјади членови во приватните пенизски друштва

Во текот на минатата година во пензиските друштва од вториот пензиски столб имало 490.035 членови, на просечна возраст од 35 години. До крајот на минатата година во друштвата се акумулирани околу една милијарда евра, покажуваат податоците од Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС за 2018 година.

Тие, како што појасни претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максут Али, средствата најчесто во 57 отсто од случаите ги инвестираат во хартии од вредност, во депозити 11 отсто и во акции три отсто. Во странство се инвестирале шест отсто и тоа во акции, а 21 отсто во удели во инвестициски фондови.

– Од вториот пензиски столб во 2018 година се исплатени 314 пензии и исплати за членовите во втор столб, во најголем дел за остварено право на семејна пензија поради починат член на семејство или инвалидски пензии. Само за мал број членови била остваена старосна пензија преку вториот столб, преку програмирани повлекувања, рече Али.

Тој додаде дека во текот на минатата година вредноста на средствата во доброволниот пензиски столб била  25 милиони евра на сметките на вкупно 24.388 членови.

Лани била остварена 281 исплата на надоместок од третиот столб, во најголем дел поради старост и во најголем дел како еднократни исплати. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега