Единственото момче кое ја преживеа несреќата во Италија отпуштено од болница- неговата тетка му е единствената роднина

Петгодишно момче Ејтан, единствениот преживеан од несреќата во Италија откако кабина од жичарницата и се урна во провалија, денес е пуштено од болницата, пренесува агенцијата Анса.

Лекарите рекоа дека неговата состојба е стабилна, дека мора да продолжи со психолошка терапија и дека редовно прави здравствени контроли.

Момчето било однесено дома со брза помош придружено од неговата тетка, единствената родина која му останала.

Во несреќата на ридот Мотороне загинаа 14 лица, меѓу кои и двајцата родители на момчето, помладиот брат, баба и дедо.

Обвинителството на Вербанија, град на северот на Италија, кое е надлежно за случајот, поднесе обвинение против три лица и ги повика семејствата на жртвите да ги назначат своите законски застапници.

Кабината на жичарницата што ги поврзува езерото Маџоре и планината над брегот, се урна во провалија на 23 мај, откако пукнал кабелот за носење.

Истрагата потврди дека резервната сопирачка, која требаше да се активира во случај на несреќа, е исклучена на претходниот технички преглед.

10.06.2021 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега