Еди Рама не престанува да изненадува: Ги посети настраданите од земјотресот облечен како „поп“

Албанскиот премиер, Еди Рама речиси цело време го привлекува вниманието на себе со неговиот начин на облекување.

Тој е често мета на коментари за неговиот начин на облека, од потколеници, па се до патиките при официјални средби со високи претставници.

Имено, тој вчера беше во поста на Рубјек во Шијак, место кое што беше погодено од силниот земјотрес на 26 ноември, при што на себе носеше црна мантија која што е карактеристична за поповите, пишува албанскиот портал albeu.com.

За време на неговата посета на Шијак, Рама потенцираше дека набрзо ќе започне изградбата на новите домови и дека сите семејства кои што останале без истите во 2020 година ќе се вселат во нов дом.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега