Еди Рама му ја честиташе победата на Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово оствари работна средба со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река.
„Амбасадорот Река ги пренесе честитките на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, упатени до претседателот Ахмети за победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Ахмети изрази почит кон премиерот Рама и му се заблагодари на амбасадорот Река за коректниот однос на албанските институции и албанските партии.
 Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што и прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската унија.

Ахмети го информираше амбасадорот Река за напредокот на пост-изборните случувања, потенцирајќи ја потребата за брзо консолидирање на институциите што произлегоа од изборите и почитување на гласовите и волјата на граѓаните.
Демократската унија за интеграција има за цел да ги исполни своите изборни ветувања, вклучително и максимална посветеност кон преговорите со Европската унија, вклучително и економското закрепнување, бескомпромисна борба за владеење на правото и неселективна правда, зашѕита ма јавното здравје, но и реализација на сите точки од изборната програма.
 Ахмети повтори дека нема враќање назад од црвените линии, охридскиот, преспанскиот и добрососедскиот договор, но и нашите изборни ветувања.
Ахмети им се заблагодари на албанските власти за нивната поддршка и регионалното партнерство“, се вели во соопштението на ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега