Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Според МВР, околу 20 часот се судриле „мазда“ управувана од 75-годишен кичевец и „хјундаи“ управуван од 75-годишен жител на селото Преглово.

Од повредите на местото починал возачот на „хјундаито“, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „маздата“, додека повредени биле и двајца сопатници од „хјундаито“ – 15-годишник од Преглово и 21-годишник од Пласница.

Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Exit mobile version