Еден приведен за убиството на новинарката Викторија - полицијата го откри бруталниот убиец

 

Бугарската полиција приведе еден осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, пренесува ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

„Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен“, рекол изворот несакајќи да открива повеќе детали.

Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е државјанин на Романија.

Бугарската новинарка, Викторија Маринова (30) е брутално претепана, силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката.

Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

 

 

 

09.10.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега