Еден починат, еден тешко повреден - Страшна несреќа во Македонија

Во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Ќ. од селото Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот М.Ф. од селото .Велешта, струшко.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега