Еден од творците на отровот „Новичок“ има намера да произведе лек за кој тврди дека се бори против ковид 19 и други вируси

Еден од креаторите на воениот отров „Новичок“, Леонид Ринк, има намера во блиска иднина да започне со производство на антивирусен и имуномодулаторски лек „Имофон“, кој се бори против ковид 19 и други вирусни болести, изјави научникот за Спутник.

„Лекот работи против вирусни заболувања, совршено ги регенерира клетките по работата на неговиот имунолошки систем, односно ја елиминира бурата со цитокини (кога имунолошкиот систем почнува да го уништува неговиот организам), што според многу експерти е една од причините за смрт од коронавирус“, рече Ринк.

Лекот се базира на лекот „Диуцифон“ (синтетизиран во Советскиот Сојуз во 1967 година). Тој беше наменет за третман на лепра и сè до 2000-тите беше на списокот на лекови од витално значење. Сега е елиминиран главниот недостаток на советскиот „Диуцифон“ – лошо растворање во вода, односно во крвната плазма. Новиот лек е наречен „Имофон“, а во него се комбинираат моќниот странски антивирусен лек „Дапсон“ и две молекули на метилурацил, кои заедно го активираат метаболизмот во ткивата и го стимулираат процесот на регенерација.

Покрај борбата против вирусот корона, новиот лек е наменет и за третман на лупус, склеродерма, ревматоиден артритис, псоријаза, алергии, леукемија и белодробни заболувања.

Според Ринк, до денес, лекот е тестиран на околу 700 постари пациенти, волонтери.

„Не се пријавени сериозни случаи или смртни случаи по заразувањето“, рече научникот.

Сега неговата компанија, Меѓурегионалното здружение за трговија и индустрија „Интервита“, произведува експериментална серија на нов лек за да го тестира нејзиниот ефект врз разни патологии.

Исто така, во тек се преговори со Министерството за здравство на Русија и другите регулатори за ослободување на шприцеви и капалки со лекот на пазарот. Според научниците, една доза на лекот ќе чини околу илјада рубли (скоро 11 евра).

Тој посочи дека ефикасноста на „Диукуифон“ е потврдена со клинички испитувања и дека има повеќе од 650 публикации за успешно лекување на разни патологии со тој лек.

Ринк започна да работи на лекови откако производството на хемиско оружје во Русија беше запрено во 90-тите години на минатиот век.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега