Еден од повредените во автобусот пуштен од болница: Жителите ме спасија

Имав повреди на главата и низ целото тело, меѓутоа немав внатрешно крварење. Бев свесен цело време.

Ова за телевизија21 го рече Абдулбахри Исмаили, првиот пацинет кој излезе од болницата.

Рече дека само што бил извлечен од автобусот добил повици на телефонот.

- „Бев седнат напред во третиот ред и не сакам да зборувам за случувањето, затоа што имаше многу жртви. Многу брзо се случи се, кога ме извадија откако веќе автобусот беше долу ми се јавија по телефон, да ме прашаат како сум. Ми беше чудно што дека се случи несреќа брзо дознале. Не бев свесен во тој момент, од тешките удари и луѓето наоколу. Мене жителите ми го спасија животот, тие ми помогнаа, рече Исмаили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега