Еден од најдобрите кошаркари на Бостон обвинет поради семејно насилство

 

Против кошаркарот на Бостон Селтикс, Џабар Бирд, е поднесена тужба за домашно насилство, откако викендов беше приведен за напад на неговата девојка.  

Тој е обвинет дека ја нападнал, давел и киднапирал девојката во период од четири часа.

Кошаркарот на сослушувањето пред судот изјави дека не се чувствува виновен.

- Нашите мисли се со жртвата на овој инцидент. Клубот ја осудува секоја форма на насилство и вознемирени сме поради случајот со Џабар Бирд. Ќе соработуваме со сите надлежни за овој случај и дотогаш нема да даваме коментари за оваа тема, стои во соопштението од Бостон селтикс.

Судот на Бирд му одреди кауција од 50.000 долари, а ако се докаже дека е виновен за сериозните обвиненија тој најверојатно нема да може да ја продолжи кариерата во НБА лигата. 

 

 

 

14.09.2018-16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега