Еден од комичарите вчера му пишал вчера на Заев, тој му вратил да не се шегуваат со чесни луѓе

Премиерот Зоран Заев во неговото вечерашно гостување во ТВ Клан изјави дека еден од руските пранкери му пишал порака откако тој имаше прес-конференција за тоа што „наседна“ на нивните шеги верувајќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Горко е чувството кај граѓаните затоа што нивниот премиер е вака насанкан, веројатно тоа е. Јас многу жалам заради тоа. И кај мене е горко чувството. Но, секако учиме да бидеме повнимателни и да не се повтори. Знаете дека вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака, реков дека јас сум чесен човек, немојте да го правите тоа така какви и да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. Некој можеби живее од тоа, јас знам дека тие луѓе заработуваат пари од тоа, на Јутуб пуштаат и тоа се наплаќа, мене ми е јасно, но истовремено и ние имаме чест и углед и не е коректно да си играме со честа и угледот на некој – рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега