Еден документ открива сѐ: Кина молечела 13 дена за вирусот, Кси Џинпинг зборувал за тоа уште на 7-ми јануари

Контроверзно е тоа што официјално првата интервенција била дури на 20-ти јануари.

Официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина ја пренел изјавата на претседателот: "На седми јануари дадов наредби кои се однесуваат на превенција од коронавирусот". Меѓутоа, официјално било кажано дека првата интервенција била на 20-ти јануари. 

"На седми јануари дадов усни наредби и инструкции за превенција и сузбивање на коронавирусот", рекол Кси Џинпинг речиси еден месец подоцна, на 3-ти февруари, обраќајќи им се на комунистичките лидери.

Контроверзно е тоа што официјално првата интервенција била дури на 20-ти јануари. Треба да се потсети и дека првиот случај на мистериозно воспаление на белите дробови во Вухан бил откриен на почетокот на декември, пишуваат италијанските медиуми.

Хронологија на настаните:

- 31-ви декември: Пекинг прв пат контактира со Светската здравствена организација

- 18-ти јануари: Статистичката анализа на епидемиолозите од Империјал колеџот во Лондон проценува дека бројот на заразени надминува 1.700.

- 20-ти јануари: Од Вухан доаѓаат вести за 45 луѓе заразени од "мистериозна инфекција", а истиот ден Кина признава дека ситуацијата е сериозна, дека станува збор за епидемија и дека починале четири лица.

- 21-ви јануари: Партијата ги известува кадрите во подалечните провинции дека ќе бидат казнети доколку ја прикриваат заразата.

- 23-ти јануари: Официјално има 25 загинати, но државната телевизија и натаму не зборува за трагичната ситуација во Вухан, туку го прикажува Кси Џинпинг во посета на една провинција, каде честита Кинеска нова година...

- 24-ти јануари: Вухан станал карантин: 11 милиони луѓе се затворени во своите куќи, аеродромите и железничките станици се затворени.

- 28-ми јануари: Кси Џинпинг на средбата со лидерот на СЗО во Пекинг вели дека епидемијата е "демон" и дека властите нема да дозволат демонот да остане сокриен.

Во Кина денес веќе има 1.655 мртви и 70 заболени. Алармиран е целиот свет, кинеската економија е парализирана, Вухан и Хубеј се во карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега