Еден час после оваа фотографија Гојко бил пронајден мртов на пат - српската полиција ја истражува неговата смрт

Полицијата уште ја истражува мистериозната смрт на 20-годишниот Гојко Грозданиќ од Пригревице, кој беше пронајден мртов на локалниот пат во неделата утрината.

Земени се изјави од пријателите на Гојко, а се контролираат и возила кои имаат евентуални оштетувања од удар во тело на момче.

Во меѓувреме се појави и последната фотографија од Гојко пред трагедијата, додека се забавува соп тројцата неразделни другари во клубот „Тајм“ каде таа вечер настапувал познат пејач.

-Мене последен пат ми се јави во саботата, во 20 часот вечерта и рече дека ќе оди во ноќен клуб на концерт со другарите. Се договоривме да дојде кај мене во Таково од понеделник со брат му Страхиња, а после тоа требаше да одиме заедно да работиме во Словачка, бидејќи овде не можеше да најде работа - раскажала мајката на Гојко, Ирена Цигер.

Неговите другари на социјалните мрежи се збогуваат од својот пријател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега