Ѕвездата од „Пријатели“ ја „откачи“ 22 години помладата девојка

Метју Пери и неговата девојка Моли Хурвиц ја прекинаа двегодишната врска. Само неколку месеци откако се појавија заедно пред камерите, актерот познат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“ и 29-годишната менаџерка одлучија да стават крај на врската.

Се запознале во 2018 година, но заедно се фотографирани дури кон крајот на 2019 година. Моли била голема поддршка на актерот во справување со зависностите.

-Моли и Метју поминуваат доста време заедно. Таа има чудна смисла за хумор и одма се пронајдоа. Не е заинтересирана за слава и не сака забава, што е многу добро за Метју, откри тогаш извор за британски „Сан“.

Двајцата сѐ уште не ги потврдија шпекулациите за прекинот, но Метју сам ги поминува деновите во карантин.

03.05.2020 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега