Ѕвезда на реално шоу го изгубила чувството за мирис: Згрозена од коронавирусот открила какви симптоми имала

Рејчел Фентон, ѕвездата на ријалити шоуто „Љубовен остров“, со своите следбеници споделила дека е позитивна на коронавирусот, откако го загубила чувството за мирис.

Рејчел, инаку специјалист на одделението за клиничка ортопедија, има 27 години, а моментално е во самоизолација, каде ќе биде до целосно опоравување.

Ријалити ѕвездата навела дека има два симптоми на кроонавирусот - висока температура и постојано кашла. Таа исто така нагласила дека и покрај тестот кој бил позитивен, таа не се чувствува болно и додала:

„Не се чувствував лошо, напротив. Не бев 100% добро, но далеку од тоа дека бев лошо. И понатаму јадам и имам апетит. Морам да признаам декоа моите симптоми навистина се благи.“

Рејчел посебно истакнала дека луѓето задолжително мора да се во изолација штом забележат дека почнуваат да го губат чувството за мирис и вкус.

„Не се враќам на работа додека не направам уште едно тестирање и додека тоа не биде негативно. Не сум сигурна кога ќе биде тоа. Засега сум во изолација и внимавам на себе. Не е толку страшно“, истакнала ријалити ѕвездата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега