„Ѕверот“ на Путин на улиците во Женева: Ова е најбезбеден автомобил во светот- се вели дека може да издржи и мал нуклеарен напад

Лимузината во која се вози рускиот претседател Владимир Путин е веќе добро позната на целиот свет.

И за време на неговиот престој во Женева, каде што денес ќе се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден, Путин ќе вози „Аурус“.

Според протоколот, автомобилот на претседателот понекогаш се доставува со воз, а почесто, од безбедносни и оперативни причини, со товарен авион.

По правило, три автомобили се испорачуваат порано на вториот лет и го придружуваат Путин за време на неговите посети во странство. Практично, тој автомобил е секогаш потребен ако е официјална посета на највисоко ниво.

„Аурус“ првпат беше претставен пред јавноста на инаугурацијата на Владимир Путин во мај 2018 година, а за првпат беше возен во странство летото истата година, во главниот град на Финска, каде рускиот лидер се состана со поранешниот американски лидер Доналд Трамп.

Станува збор за „аурус сенат“, специјално конструиран за претседателско возење. Техничките карактеристики главно се чуваат во тајност, но западните медиуми наведоа дека автомобилот произведен во Русија изгледа исклучително импресивно и дека до одредена мера може да се нарече „идеолошко оружје на Кремљ“.

Странските технологии не се копирани, туку се креативно совладани и развиени сами по себе.

Името на брендот се состои од два збора: аурум, што значи „злато“ и руски како Русија. Во центарот на логото се наоѓа штит, а во горниот дел има ѕвезда-водилка.

Надворешноста на возилото потсетува на советскиот ЗИС-110 од 40-тите години на минатиот век, направен за советското раководство.

Се тврди дека Русите вложиле повеќе од 400 милиони долари во целиот проект, па дури и американски новинари истакнале дека тој е далеку побезбеден од лимузините на американските претседатели!

Сепак, малку се знае за овој седан со сигурност. Степенот на оклоп е тајна исто како и многу други карактеристики на возилото. Се тврди дека може да издржи не само ракетни напади, туку и мал нуклеарен удар. Опремата има и резерви на кислород и којзнае што друго. Се прави и цивилна верзија, чија цена е 250 000 УСД и повеќе.

Под хаубата се наоѓа 4,4-литарски Би-турбо мотор со 8 цилиндри, кој специјално го разви „Порше“, со околу 530 КС и вртежен момент од 880 Нм. Автомобилот има хибриден погон, што значи дека има и електромотор, а со помош на 9-степен автоматски менувач развиен од руската компанија Solers (УАЗ) ја пренесува силата на сите тркала. До „стотката“ достигнува за помалку од 6 секунди и достигнува максимум, се разбира, електронски ограничен на 250 км на час.

Лимузината е посебна атракција на прославите на Денот на победата.

16.06.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа