„Ѕверка„ од која застанува здивот: Напаѓачот на Реал се поднови со автомобил вреден 2,5 милиони евра (ФОТО)

Карим Бензема се подготви за рестартот на Ла лига оваа недела со својот скапоцен Бугати Чајрон, супер-ексклузивен тркачки автомобил вреден околу 2.5 милиони евра од кои беа изработени само 500 автомобили. Еден од другите 500 среќни сопственици е и неговиот близок пријател Кристијано Роналдо.

Автомобилот има 1.500 коњски сили, оди од 0 до 100 км/ч за само 2.5 секунди и максимална брзина од неверојатни 420 км/ч.

Бугатито е круна на колекцијата на автомобили на ѕвездата на Реал Мадрид, бидејќи тој поседува и Ламборгини Авентадор, Бугари Вејрој Пур Санг, Мерцедес СЛР Мекларен, Ламборгини Урус и Ферари 488 Спајдер.

Дека втора страст му се автомобилите се гледа и по казните кои тој ги добиваше за пребрзо возење во минатото.

 
 
 
View this post on Instagram

Tout le monde veut se refaire

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema) on Jun 9, 2020 at 7:22am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега