Џудо-тренерот од Прилеп осомничен за вршење полови дејствија на девојчиња барал да сведочи на полиграф

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, Р.П, е во триесетдневен притвор во битолскиот затвор, затоа што се товари дека обљубил петнаесетгодишно девојче на кое му бил тренер.

Адвокатот на осомничениот, Жарко Стеваноски побарал тренерот да сведочи на полиграф, но истражните органи не дозволиле.

-Јавното обвинителство укажа дека за тоа ќе одлучи во понатамошниот тек на постапката иако за вакво обвинение кое засега се заснова само на искази е повеќе од потребно заради правилно насочување на истрагата. Полиграфското тестирање се применува во истрагата како средство за правилно насочување на истрагата. А не претставува доказ во постапката, изјави Стеваноски за „Слободен печат“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега