Џонсон за барањата за отстранување на споменици: Не можеме да ја фотошопираме историјата, Черчил беше херој

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека таа земја не може да ја „фотошопира“ својата комплексна историја, истакнувајќи дека тоа би било извртување на минатото.

Џонсон по повод растечките разлики околу барањата за отстранување на статуите на одредени историски личности, порача дека со такво нешто Британците доаѓаат во опасност да влезат во една голема лага и извртување на историјата.

Тој во колумната за британски „Телеграф“ го бранеше поранешниот британски премиер Винстон Черчил и повтори дека тоа што неговиот споменик е доведен во било каква опасност е „апсурдно и тажно“.

„Тој беше херој и мислам дека не сум сам кога ќе кажам дека до последниот атом од силата ќе се противам на било каков обид неговиот споменик да биде отстранет од парламентарниот плоштад“, изјави Борис Џонсон.

Спомениците на трговците со робови, империјалисти и истражувачи како Кристофер Колумбо или белгискиот крал Леополд Втори се најдоа на мета на антирасистичките демонстранти кои излегоа да протестираат ширум светот после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од американската полиција во Минеаполис.

Споменикот на Винстон Черчил кој исто така се најде на мета на демонстрантите во Велика Британија, а на кој беше испишана порака дека е расист е покриен со кутија со цел да се заштити од евентуална штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега