Џонсон: Украина може да победи

 

Важно е Британија да продолжи да покажува поддршка за Украина на долг рок, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Русите напредуваат сантиметар по сантиметар и за нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи“, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.

Џонсон предупреди на ризик од замор во Украина како што минува времето.

„Кога станува збор за замор, многу е важно да покажеме дека сме со нив на долг рок и да им ја дадеме стратешката издржливост што им е потребна“, рече Џонсон.

18.06.2022 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега