Џонсон: Европската Унија сака да ја подели Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја обвини Европската Унија (ЕУ) дека се заканува на територијалниот интегритет на Велика Британија, повикувајќи ги пратениците да го поддржат новиот предлог-закон за кој ЕУ смета дека го крши меѓународното право.

Владата на Џонсон отворено призна дека предлог-законот за внатрешниот пазар на Обединетото Кралство, доколку биде усвоен, ќе го наруши договорот за раздружување што беше потпишан со Брисел. Овој потег предизвика бура од реакции дури и во редовите на неговата конзервативна партија, а бесните европратеници го повикаа Лондон да го повлече законот до крајот на овој месец, а во во спротивно се заканија со правни дејствија.

Според договорот за Брегзит, ЕУ ќе продолжи да има трговија со Северна Ирска, која ќе биде единствената копнена граница на Велика Британија со Унијата по 31 декември. Овој потег беше направен за да се осигура дека границата со Ирска, членка на ЕУ, ќе остане отворена.

Џонсон, меѓутоа, изјави дека примената на правилата за трговија со ЕУ се заканува да наметне повисоки царини на одредени стоки наменети за провинцијата од остатокот на континентална Британија.

– Ова е неразумно и јавно му противречи на духот на Северноирскиот протокол со Договорот за раздружување. Тие се закануваат со градење на царински граници во нашата земја, да ја поделат нашата сопствена земја, да ја сменат самата економска географија на Обединетото Кралство и грубо да ја прекршат сопствената обврска според член 4 од Протоколот, според кој Северна Ирска е дел од царинската територија на Велика Британија. Не можеме да дозволиме ситуација во која самите граници на нашата земја се определени од странска сила или меѓународна организација. Ниту еден британски премиер, ниту една влада, ниту еден парламент не можеше да прифати такво наметнување, рече Џонсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа