Џихадистите соопштија: Исламската држава ја презема одговорноста за нападите во Шри Ланка

Терористичка организација од Исламската држава презема одговорност за нападите во Шри Ланка во кои загинаа над 320 лица.

Владата на Шри Ланка објавила вчера дека зад организираните напади на црквата и хотелот за Велигден стои екстремистичката група Нешенел туф грамат. Станува збор за локална исламистичка група.

Како што објавиле од владата, зад таа екстремистичка група стои интернационална мрежа, со чија помош во нападите загинале 320 лица, а над 500 се ранети.

Полицијата уапсила 24 лица осомничени за терористичките напади на три цркви и три луксузни хотели.

Министерот за одбрана Руван Вијеварден нападите ги опишал како терористички. Тој рекол дека повеќе од нив биле извршени сод бомбаши самоубијци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега