Џихадист Грците им се заканува со војна: Ако нè повикаат на границата - одиме!

Џихадистот Сухеил Хамуд рекол дека, доколку дојде повик од Турција, ќе ја напушти Сирија и ќе ги однесе своите борци во војна против Грција.

Изјавил дека сириските џихадисти имаат долг против Турција за сета помош која Анкара им ја пружила во војната против сириската влада. 

„Благодарни сме и на Турција. Сега е време да го вратиме долгот. Ако некој не праша: "Ќе одите ли на грчката граница?", мојот одговор е да", напишал таканаречениот Абу Тов.

Хамуд, попознат по прекарот Абу Тов, е милитант од таканаречената "Сириска национална армија", која ја финансираат и обучуваат Турците.

Тој својот прекар го добил уште на почетокот на војната во Сирија, кога се прославил како оператор на протитенковските ракети "Tow", со кои Американците ја снабдувале таканаречената "Слободна сириска армија".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега