Џенова: Брод удри во контролна кула - тројца мртви

Најмалку три лица загинаа и шестмина се повредени кога товарен брод удри во контролна кула во Џенова. По несреќата седумина се водат како исчезнати. По ударот на бродот во контролната кула висока 50 метри, животот го загубија двајца мажи и една жена. Товарниот брод „Џоли Неро“, долг 238 метри удри во контролната кула во моментот на примопредавањето на смената, што значи дека во него имало повеќе луѓе од вообичаено.

најчитано сега