Џенифер Лопез и нејзиниот вереник ќе ја одложат свадбата

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез откриле дека поради пандемијата на корона вирусот ја откажуваат планираната свадбена церемонија.

Џеј Ло гостувала во емисијата на Елен Деџенерис каде признала дека вирусот има многу големо влијание на сите нејзини планови околу свадбата, како и дека незнае кога повторно ќе се организира.

Џенифер и Алекс не сакале да откриваат детали за венчавката, но тој пред некое време изјавил дека кога ќе дојде до тоа гостите ќе добијат авионски карти, па ќе можат да нагаѓаат дали е некое егзотично место и венчавка на плажа.

Бидејќи училиштата ширум Америка се исто така затворени поради епидемијата, Џеј Ло откри дека е целосно посветена на децата и им помага да се справат со нивните училишни одговорности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега