Џек е жртва на терористичкиот напад во Лондон - работел на рехабилитација на затвореници, па затвореник го избодел до смрт

„Прекрасен дух, кој секогаш бил на страната на фубитникот“, вака Дејвид Мерит го опишал 25-годишниот син Џек, кој до смрт бил избоден во терористичкиот напад на Лонндонскиот мост.

Совршен студент по прави и криминологија, Џек Мерит работел како координатор на курсеви во програмата за рехабилитација на затвореници во Универзитетот на Кембриџ.

Мерит бил „длабоко посветен“ на својата работа, велат неговите поранешни соработници.

Во неговиот роден Кембриџ во саботата било одржано бдеење, на кое на Мерит му била одадена последна чест од семејството и соработниците.

Емили Хопер, неговата школска пријателка, го опишала како „прекрасна душа“ и „еден од најдобрите луѓе кои ги сретнала“. Дејзи Нок рекла дека бил предобар за овој свет и додала: „Се посвети на нешто, за што веруваше дека еден ден ќе го промени нашиот поглед на свет“.

Семејството и пријателите го опишуваат како „неверојатно духовит и интелигентен, го сакал животот постраственот отколку многу наши врсници и цврсто реши да остави трага во светот“.

Колегите од кривично правните кругови длабоко се шокирани од неговата смрт.

Нападот на Лондонскиот мост го извле 28-годишниот Усман Кан, поранешен затвореник кој во моментот на нападот бил на условна слобода откако отслужил околу половина казна за тероризам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега