Џејмс Коми: Трамп е морално неспособен за претседател

 

 Американскиот претседател Доналд Трамп е „морално непсособен“ да управува со земјата, изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

- Не верувам во тие истории дека тој e ментално некомпетентен или дека е во прв стадиум на деменција, изјави Коми, кого Трамп го смени од функцијата во мај 2017 година.

- Сметам дека тој е морално неспособен да биде претседател, изјави Коми во првото интервју откога беше разрешен.

Според Коми, американскиот претседател „мора да искажува почит и да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка".

- Најважна вредност се вистината, а овој претседател не е способен да го стори тоа, додаде поранешниот шеф на ФБИ. 

 

 

 

16.04.2018 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега