Џеј Ло го прослави 52. роденден, а сега е снимена на шопинг во Монако - сите се згрозени од нејзиното ланче

Џенифер Лопез го прослави овие денови 52. роденден во друштво на старо-новата љубов. После роденденот, се прошетала низ улиците на Монако и сите гледале во нејзиното ланче кое го покажа.

„Бенифер“ е повторно актуелен пар, судејќи според тоа што Џенифер го објавува. Официјална потврда дека таа е повторно со Бен Афлек дала на својот роденден, објавувајќи фотографија на која парот се бакнува.

А, после прославата на роденденот која се одиграла во најлускузниот ресторан во Сен Тропе, Џенифер покажала уште едно изненадување.

После прославата Џенифер скокнала до Монако во шопинг, а папараците успеале да го „уловат“ и новото парче накит, ланчето на кое пишува Бен. Брзо фотографиите завршиле на социјалните мрежи, а реакцијата на публиката веројатно не е тоа на што Џенифер се надевала.

Dženifer Lopez

-Ова е толку незрело, нејзината ќерка е позрела од неа. Мислев дека има повеќе самопочит, се дел од коментарите.

Dženifer Lopez

27.07.2021 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа