Џамбаски за Македонците од Пиринско: Пијани дегенерици преобратени од бившите југословенски служби

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски уапти тешки навреди кон бугарските граѓани кои се изјаснуваат како Македонци во Пиринска Македонија.

-На актуелниот попис тие ќе направат сè што е можно за да ги дотуркаат Бугарите во Република Македонија до некоја бројка, блиска или еднаква со вкупно земено таа групичка на неколкумина преостанати испијанети дегенерици во Пиринска Македонија, преобратени од бившите југословенски служби, кои се самоопределуваат различно од бугарскиот начин и вкупно од 10 човека имаат 5 заби. Така што, тоа им е целта и тоа им е задачата. И тука ние треба да сме многу цврсти во тој правец. Направивме една кампања за обид за притисок во Европскиот парламент и во Европската унија, да видиме каде и како ќе се одрази таа, изјави Џамбаски, потпретседателот на ВМРО-БНД на Каракачанов.

 

17.09.2021 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега