Џафери: Згрешив, не е крај на светот

Закон за јавното обвинителство е донесен во соодветна процедура, доколку се утврди дека пратениците се внатре, а поради системот за гласање не го оствариле своето право да се изјаснат, моја одговорност е да овозможам повторно да се гласаа, затоа се повтори гласњето, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на прашање дали е подготвен да понесе одговорност доколку според најавите ВМРО-ДПМНЕ го оспори гласањето на законите за јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители пред Уставен суд.

За законот за Совет на јавни обвинители претседателот на Собранието рече дека е негова грешка, односно дека тој мислел дека овој закон треба да се гласа со Бадентерово мнозинство. И ова гласање го проблематизираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно повикувајќи се на кажаното од Џафери, го обвини дека гласањето не важи оти не се гласало и според бадентеровиот принцип.

– Факт е дека како дел од моето мислење воден дека два закони претходно беа изгласани со Бадентер, јас укажав пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот ринцип. Но кога го гледав официјалното сценарио сватив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици. Законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е карј на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам – рече Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега