Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Претседавачот на Собранието Талат Џафери денеска им дал насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

Според Џафери, тоа што утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.

– Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница, изјави Џафери за ТВ 24.

За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега