Џафери за ТВ21: Неуставно е доделување на мандат без да биде избран претседател на Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека според Деловникот, неуставно е доделувањето на мандат без да има избран претседател на Собрание.

-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците. Ова е форма пропишана во Деловникот. Секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој заврши. Ако некому му одговара тоа да го направи врз оваа основа, нека повели и нека го направи. Јас нема да бидам дел од натамошната јавна дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон, посочи Џафери.

Тој смета дека Уставниот закон треба да биде институција која превентивно ќе постапува во однос на оваа дилема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега